Акиф моментално се здрви наместо и позелене, но стравот да не оптегне Толе за ногата од берданката веднаш му помина, сеќавајќи се дека нема фишек во пушката, и за час го извади јатаганот и со светкавична брзина го удри Толета со тилјето по раце, така силно што му падна пушката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го „суредија" чорбаџијата Стевана од Крушевица и поп Ристета од Чаништа, па потоа ги положија и своите глави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Се наведе и втор камен да земе, но Боше коџабашијата не му даде тоа да го стори. Co светкавична брзина го јавна одѕади, го стисна со двете раце за врат и го удави како волк јагне. Co ова братучедот Боше го освети својот братучед Велјана, помалиот Толев син, на кого Суљочауш му ја столчи главата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Co молњевита брзина го зеде остенот од татка си и уште побргу му се изврте на Адема по врат и овој падна од коњот во угарта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Безумник, брза, трча, вјаса, цел свет со невидена брзина го помина , до тебе да стаса.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Мајка му ја отвора вратата од собата, го одмерува со еден тежок поглед, а Ване на брзина го крие стрипот под перницата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Војводите скокнаа. Востаниците го кренаа онесвестениот Цепенко на раце и со најголема брзина го однесоа во куќата на Начевци, каде што беше сместена востаничката болница.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Змијата му одговори со брзо скокнување нанапред и со иста брзина го повлече чаталестиот јазик.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Томето рипна од креветот, сета поспана во лицето, веднаш отвори и со сета можна брзина го грабна ливчето.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
По завршувањето на целата операција камионите на брзина го напуштија Швиноујшче.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)