бреме (имн.) - на (предл.)

Тоа беше дополнителна причина да го ослободиме нашиот народ од бремето на религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бремето на зрелоста им налага и поголемо познавање на политичките и социолошки теми, како што се расизмот или екологијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цело време гледам во нив благородна вдахновеност, чинам, не денешна, ами пренесувана и љубоморно негувана од колено до колено и гледав уште искри на подбивност кон уништувачкото бреме на времето кое на овие простори истури толку омраза, лошотилак, кодошлук и подбуцнување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Земанек имаше тажен живот; израснат без татко, со мајка и помала сестричка, тој го имаше преземено бремето на глава на семејството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)