Не мириса ниту како атлантскиот брег во Португалија, ниту како ледените морски води на Данска и Норвешка, ниту пак како топлите карипски заливи во Порторико.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Долж брегот во низа што не се прекинуваше, раката со дрвеното перо, трескавично наднесена и оросена од пот чкрташе, исцртуваше, се извиваше околу и нагоре, попреку, навнатре и однадвор, правеше јазли, шепотеше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На брегот во далечината одново раѓање на нов ден...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога едно време се утавли свртен кон Тумбица, брег во подножјето на планината чиј врв личеше на газер од јајце, објасни: "Сори, ама јас морам да гледам во вашето фјучер.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Побратимот продолжи: - Ама најмногу ум покажа, за сите блиски и далечни, кога несетум и неочекувано замина, но не и за мене, што ве префрлив со семејниот чун на другиот брег во судната ноќ...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)