За да пропуштиш барем нешто Од она што ти се случува кога ќе отвориш очи Да ги пропуштиш ако се може уроците по глобализација Според кои големиот брат ќе заповеда а малото братче ќе извршува Па потем малото братче ќе извршува а големиот ќе заповеда Божем не се рекло и пред раѓањето на големиот брат Дека големата риба ја јаде поситната Та сега покорувањето на староседелците Да мора да се новоименува како глобализација Како што денес се именува секое покорување на малите народи Како што денес се именува и исчезнувањето на малите јазици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Мајка му велеше на упорниот брат дека ние ќе си останеме без целосно семејно стебло поради проклетството на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)