Таванот е неупотреблив Такви се шемите на животот Секогаш ќе ти го ускратат она што го посакуваш Во заборавената куќа сè ѝ е подредено на загрозеноста Чинам оти сум престрашен од сопствената храброст Па сепак ги следам чекор по чекор О браќа мои О луѓе вашите залудни гласови вашите тешки зборови воденички камења што ја мелат ноќта што мелат што ме мелат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Љубовта моја кон братот мој зрно е што поместува планини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
О, оче мој, татко мој, Мида! Зошто братот мој, отец Лествичник не ми кажа никогаш какво собитие грозно се случило таа ужасна ноќ, кога си сочинувал преписот од источната одаја?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лествичникот, братот мој ја сочува главата на раменици, јас останав Сказник и Мозаичник, ќерката на логотетот прездраве и проклетството го снема, оти се помести вселената и ѓаволот веќе не гледаше нешто што не треба во словата да се види.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Зар некаков демон кон пропаста стрмна нѐ турна. Браќата мои под ридон ко рибите насуво тогаш во борбата бурна, да се прпелкаат видов.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Македонци, браќа мои, чеда мои, простете ми, оти сега знам дека тогаш во срцето свое сум носел лутина и кон вас, оти во Филипи, понесен од љубовта и добрината на Лидија, го очекував од сите истото, та кога се најдов соголен и натепан со стапови, во себеси носев горчина наместо љубов кон вас, Македонците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Браќа мои, сега ви кажувам, не без грижа на совеста своја, оти многу грешев тогаш зборувајќи ви така.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Видувајќи го човеков на сон како жив пред себе, та гледајќи ја потребата негова по верба, сеќавајќи ја духовната глад негова по спасението што на душите човечки им го носи Радосната Вест, дека Он воскресна та нѐ избави од злото, се упативме кај вас, браќа мои, во вашата Македонија“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дали ангели од Бога сте, и сте дошле у нас, дали светци сте?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ви се молам, браќа мој, кажете ми каква е оваа работа, што ми знајте сѐ што имам дома?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Само една ноќ барам молк од вас, о, помлади браќа мои, и да не ја прегрнуваме со многу солзи и воздишки онаа која од трите патишта може да избере два по коишто и натаму ќе чекори жива на зајдисонце.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Браќа мои, ние не можеме еден без друг, ниту пак има потреба да се кине еден од трите листа на детелината.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да не донесуваме сами никаква одлука, браќа мои: да му оставиме на Случајот да избере, зашто тој е раката Господова.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И вториот брат не се побунил, оти веќе мислел на жена си да ѝ каже сѐ кога ќе се врати, а единствено најмладиот се противставил, оти секогаш го почитувал дадениот збор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш младата жена прошепотела: „Браќа мои, пред устава заѕидајте ми камен, оти живите се плашат да не ги бакнат мртвите, ама пред очи оставете ми отвор за да гледам дали моето млеко добро ќе му донесе на детето.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најпосле, еден ден, најстариот брат ги викнал кај себе помладите и им рекол: „Браќа мои, браќа по крв, по млеко и по славата божја, ако не ја изградиме кулава, Турците пак ќе ни се приближат до езерскиот брег, криејќи се низ трските.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Согласен сум, брате мој, со предлогот, не сме ние тие кои ќе предложат во историјата брзо да се промени смислата на овој збор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, чија идеја пред една година зачна во неговата глава и беше прифатена од Татко, негов верен балкански брат по судбина, за отстранување на опасните османскотурски заемки во балканските јазици, како да се почувствува повикан да го каже последното слово на крајот на мисијата: Ние, брате мој, само една година трагавме по опасните балкански османизми, поаѓајќи од твојот мајчин албански јазик и мојот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така Татко и Камилски ја завршија работата околу зборот табиет, за кој претходно мислеа дека ќе имаат многу работа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во текот на потрагата се уверивме, јас посебно, дека нема опасни зборови, туку нивна злоупотреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А вие, браќа мои, “ - им се сврти на браќата кои беа тука присутни, но не учествуваа во дискусијата, „да кажевте нешто за овие работи?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа, ако и згрешам негде, било со збор, или со дело, браќа мои, штом ќе го читате ова да пеете, а не да колнете.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гури Порадеци, со стреловита брзина, се искачи по скалите. – Брате мој, доцниме, остави ги тие книги, ако сакаш живи и здрави да ја минеме границата! – Брате мили, морам да ти кажам дека не ми се веруваше оти толку тешко ќе се разделам од книгиве.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Кој друг, брате? - се внесе Татко. - Сѐ уште Сталин, брате мој.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Ви се молам, браќа мои, кажете ми каква е оваа работа што ми знаете сѐ што имам дома?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Убав сон и лека ноќ, брате мој.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)