брат (имн.) - партиец (имн.)

Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го нема! Побегнал! – И козите ги нема? – извикав плачно. – И козите... и козите... сите кози... – Кај можел да избега со толку кози? – се охрабри да праша братот партиец. – И ние се прашуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште кога братот партиец реши да ја викаме нашата коза Сталинка, таквата опасност постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А всушност ние децата и не бевме начисто кој е Сталин, како што не беше начисто до крај и братот партиец кој го предложи името.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги свртивме погледите кон братот партиец, кој се бараше нешто да рече, па на крајот енергично пресече: – Пишете, место Сталинка, Слободанка, за нас Сталин значи слобода!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)