брат (имн.) - брат (имн.)

Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Брат брата не рани, тешко кој го нема“, — вели народната пословица. Така и Сукаловци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Вистина е, сине, времињата се изменија. Брат брата не познава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓу народа се сеело несогласение и раздори. Да се мрази син со татка и со брата брат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)