брат (имн.) - ѝ (зам.)

Нина знаеше дека, онака крупен и тежок, газејќи колку што може потивко, тој оди до одајата на браќа ѝ, и дека гледа во празните кревети сакајќи да се увери дека момчињата што изутрина ги испрати на пат, навистина не се во своите постели како секоја вечер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од нивјето кај ливадите дотрча брат ѝ на Мира. Го извикал Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некни морав да избегам од брат ѝ и да се сокријам дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А откако замина брат ѝ, Васе се допре до неа и ѝ рече: - Што врескаш? Тебе ли те удри?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Брат ѝ Митре беше единствениот писмен човек од нејзиниот род, затоа таа секогаш одеше кај него, кога добиваше писмо или требаше да се пишува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се муртеше и ги стискаше танките усни а кога ќе го сретнеше брат ѝ, го клукаше со медени бинбони и му ја покажуваше догата сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некои гледаа во татко ми, дали од неговиот поглед ќе прочитаат треба или не треба да се запее, запеа и брат ѝ на Вера, но сето тоа некакво пеење брзо зативна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој цртеж, направен на малечко парче хартија, случајно се нашол во џебот на брат ѝ при една од неговите посети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас сакам да останам овде,“ рекла Добрата Душичка, стуткувајќи се во креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако доктор Гете претходно ги замолил да не ѝ кажуваат дека ја водат дома, им рекол да ѝ кажат дека ја носат на некаква прошетка, браќата ѝ рекле дека ја враќаат дома, засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од ликот како да ѝ се избришаа сите наслојки на времето и пред неа како да се појави брат ѝ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам да си одам одовде,“ му рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата масичка беше празна. Имаше многу празни масички во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На масичката на Клара стоеше цртеж за кој не би можело да се претпостави дека го направил брат ѝ - една жена, свртена со грбот, застаната крај некаков раб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со годините нашите средби се сведоа на мафнување со рака, кога ќе ја видев како брза по улиците, водејќи со себе неколку од четиринаесетте мали Густави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од него забремениле жени кои изгледале десетина години постари од својата вистинска возраст и кои го чистеле неговото атеље, девојки кои биле модели за неговите слики, работнички кои ги среќавал кога доцна попладне, уморни, од фабриките се враќале дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам да си одам одовде,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ден Клара го зеде од масичката и го пикна в џеб она хартивче на кое брат ѝ имаше нацртано жена, свртена со грб, која стои на раб од бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така и се случи кога се појави брат ѝ .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа момче од нејзините спомени кое ја гали со јаболко, кое ѝ шепоти бајка, кое ѝ подава нож, е брат ѝ Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја среќавав сѐ поретко и поретко, со секое ново дете на брат ѝ , таа имаше сѐ помалку време а уште еден дом повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето додека живееше во Гнездо, брат ѝ неколкупати стана татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Густав имаше навика да ги држи рацете во џебовите додека разговара, а потоа, на крајот од разговорот, одеднаш ги вадеше, и во тој миг од џебовите паѓаа моливчиња, креди, гумички, монети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сеќаваш на Густав?“ „Се сеќавам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Почекај ме. Ќе си одиме дома заедно“, ѝ рече насмеан „брат ѝ“ на училиште следниот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одеднаш се присети на нишалката што ја доби брат ѝ и за родениот ден и појде кај мајка си.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сето внимание од брат ѝ го одземав, а таа кутрата, невина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А таа верувала дека душата на брат ѝ ги има исфрлено тие нацистички одликувања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко имаше аманет од мајка си Хазбије да не се враќа од Турција без да го види брат ѝ Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше голема дарба, исто како што татко ѝ имаше дарба да прави чевли и да пои, а брат ѝ да пишува и црта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Немаше никаква информација за Томаица. Не го сретнуваше ни брат ѝ Тодор, а и да го сретнеше, се плашеше да праша за неа, што се случува со неа, како е, дали сепак ќе мора да се мажи за конзулот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа Тамара и Томаица влегоа во офицерски, додека Атина остана надвор да се раздели со брат ѝ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се стресов целата и излегов надвор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го најдов брат ѝ на стрина ми и чекав што ќе ми каже: Милке, што да ти кажам, човекот е неморален, се фати со една никаква женска, таа никого не гледа и ништо не почитува и затоа Мане го преместија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ги дотерам татка ѝ, брата ѝ мајка ѝ, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајша излезе, а кадијата пак се навали на миндерлакот и длабоко се замисли, па почна да си зборува за себе. – Реков дека ќе ги фатам и ќе ги погубам татко и, мајка и, брат ѝ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најстариот брат ѝ предложи и на Мајка да го состави семејното стебло, според линијата на нејзината лоза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А долу ме пречека брат ѝ и ми стегна шлаканица.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дора не знаеше за што служи тоа огледало, но точакот беше на брат ѝ и ако нешто на него се скршеше, тој многу ќе ја караше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А брат ѝ тукушто заминал на факултет во друг град, таму се запишал на нешто... што не знаеше да го каже на друг јазик освен на француски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И таа мислеше дека наутро, кога ќе станеше прва и потоа ќе влезеше во собата на брат ѝ, сѐ мирисаше на него и на неговата коса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сети на зборовите на брат ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат се чувствуваше посигурна затоа што знаеше дека сѐ уште мириса на праски. Никој не ѝ одговори.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сакам и готово! - рече Ема и излезе од собата треснувајќи ја вратата зад себе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беа тоа роднините на мајка ми, трите сестри на баба Лена: Веца, Наде и Ката, и брат ѝ Ангеле, со баба-вујна, како што Бреза ја нарекува жена му Слободанка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Аууу, - си реков, - овој не се шегува! Седнав на скалите пред влезот од зградата и уште не се бев созел, кога еве ти ја Величе, излегува надвор со брат ѝ Мишко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои го знаеја, некои не, а две девојчиња, што ѝ се придружија на групата оти ја познаваа Аделина, прашаа: - Зошто треба да го знаеме? – и се искикотеа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, го знаете брат ѝ на Бреза? – гласно праша Мацка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)