Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А како се вика брат ти?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Погледна низ прозорецот и воздивна: „Сега, повикај го брат ти!“, а кога заедно се појавија, му се обрати на вториот син: „Појди во бакалницата и прашај колку е брашното“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Докторката Милја нѐ однесе во нејзината канцеларија на десетина чекори од кома-собата, таму дојде и нејзиниот сопруг, мојот брат доктор, сестра ми, брат ти.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Екстерно и интерно тестирање прави секоја недела и бесплатни часови по сите предмети, од прво до осмо им дава катадневно на твоите и на оние од брат ти. Пофалница и благодарница не се бакшиш!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
АНА: Пак прашуваш што сум правела. Брата ти го дочекав, повеќе од тоа што сакаш?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Како што викнаа: „Дојде брат ти Анѓеле“ ја оставивме нивата уште за малку недожниена. Ќе ја испасат ајвани.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ПОЦКО: Куче! Какво куче, бре пцетиште!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ако ти пуштило малце, братче ти е, ако е куче, пак ти е братче!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Јас сум жена на брат ти, реков. Тука сум по погребот на тој брат.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
— Ти си или брат ти, му велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега останав и без стрико ти, вели, брат ти и сестра ти ги криеме во Лариса...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
КИРО: (Станува) Дојдете со брат ти Михајло вечерва во куќава на Кир Панајотис, грчкиот трговец. (Вади парче хартија) Ова е за движење ноќе. ЕВТО: Зошто?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
МИМИ: Дојде брат ти. СИМОН: Стево. Марш дома! Од кај го знаеш ти брат ми?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Стојно - Стојанке, моме убаво, сношти го ние брат ти видовме, во Прилеп града борба водеше, борба водеше сос фашистите, сос фашистите, сос Германците.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
- Брат ти? - Брат ми и неговата кокона. Им завршила специјализацијата во странство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас ќе останам со брата ти, на оваа страна!”
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- И чиј беше куршумот што го уби брат ти? Од кај знаеш дали не беше твој?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Како се вика брат ти, го прашувам. - Јон, вели, Јон Мегленоски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зависи од тоа колку брзо вози брат ти, одговараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Побрзај, душо, времето е пари, обично му велат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)