По ручекот, на заминување, постарите браќа го прегрнаа цврсто, многу поцврсто одошто порано, небаре заминуваат некаде далеку, а него го оставаат сам на чардакот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мајка ми го двореше и него, а најстариот брат го презема водењето на дуќанот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Средниот брат го подучуваше математика, и го криеше кога ќе направеше некоја ненамерна пакост.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Постариот брат го имитираше Мусолини.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко големиот брат го смета за виновник.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Место мајка ми, со секнато млеко во себе, нашето братче го доеше нашата коза.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога ќе снемаат од лебот и виното помладиот брат го прашува постариот - до кога ќе трае епохата на словенските елегии?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Секое повнимателно следење на постапките на мојот постар брат го наметнуваше заклучокот дека станува збор за личност длабоко проникната од еден вид неконтролирано перчење, или, да бидам по малку и злочест: перчењето е неразделен дел од неговото неодговорно его.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таа внимателно следеше како мојот постар брат го фрла на рамињата сакото; како сосема непотребно прави уште еден круг околу големата маса во салонот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Третиот брат го привршуваше средното медицинско училиште и постоеја добри материјални услови во семејството, подоцна, тој да ги продолжи медицинските студии.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)