браник (имн.) - на (предл.)

Народот (мислителот или историчарот кој го употребува без иронија се дисквалификува), добро си ја игра улогата која му е наменета: да се потчини на настаните и на фантазмите на владите, готов секогаш за нови потчинувања и страдања, прв на браникот на жртвувањата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Да запреш. Колата речиси удри со браникот на една шипка со патоказ „Дихово” („х”-то беше излупено од тенекијата со удар од камен).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не беше тешко да се погоди на крајот каде цели Сојузниот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа беше на браникот на семејството врз кој секогаш, најпрвин, удираа обезличувачките бранови на историјата, на религиите, на идеологиите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме замислуваше на браникот на заштитата на вредностите на Југославија, во времето кога силниот Милошевиќев национализам ги тресеше темелите на истата Југославија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)