брак (имн.) - од (предл.)

Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
3.  Лаички кажано, франшизата претставува „деловен брак од интерес“ помеѓу два субјекта кои остануваат правно независни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Атмосферата беше опуштена, нормална. Се зборуваше за бракот, што е брак, што тоа значи, зошто е потребен, како се склопува, што е подобро: брак од интерес, со стројници или како што сега сѐ повеќе прават младите: од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Покрај овој контроверзен закон, оваа сензитивна сфера беше уредена и со множество други, мошне комплицирани, закони: Законот за промет и располагање со општествениот капитал (Сл. лист на СФРЈ – 84/89, 46/90); Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште (Сл. весник 240 на РМ – 19/96, 25/99, 81/99, 48/00 ПТ);
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  A за влијанието на измените на овој Закон врз правата на работниците види го описот во студијата на Савески, Апасиев, Ковачевски и Василев: Обезвреднување на трудот…; „Ленка“ & RLF; Скопје, 2010; стр. 152-157.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)