брада (имн.) - од (предл.)

Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брадата од студот ѝ потреперува како да го воздржува липањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се направи дека божем си ја чеша брадата од рамото и продолжи да пишува, ама не беше сигурна дека нешто почувствувала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наставничката како ништо да не забележа: - Ема, пред да почнеш, те молам, соблечи го палтото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одам, а времето само се мурти, не стои на една нога. Се топори да врне. Ќе ја пушти брадата од Свети Никола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Околу куќа, вели Јон,трипати околу куќа ќе куцаш, вели и си ја чеша брадата од рамото, како да трга грибло со сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)