боја (имн.) - ќе (чест.)

Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Која ли цвета сега? Не цветаше ниедна, сите беа процветани со отпаднати латици, имаше само на некои неколку пупки на кои не се познаваше во каква боја ќе се развијат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Со дождец ѝ се заканува дека танцот ќе го прекине, боите ќе ѝ ги измие и во непознат правец ќе ја однесе.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)