Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Баш кога наумив да разврзам за вкусот на чоколадото, видов колку нежно ја покриваш со фустанот прерамката, боја чоколадна, колку мераклиски ја отпиваш последната голтка рујно вино и молкнав збунето кога ми шепна: другпат кога ќе изчезнеш, да оставиш порака.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мене скокотот уште повеќе ме јадеше и нестрпливо чекав фустанот да ти се лизне надолу и пак да ти ја видам прерамката, боја чоколадна.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Кога на левото рамо ќе ти се откриеше прерамката, боја чоколадна, јас почнував да си ја мерам среќата: до каде ќе ми дофрли погледот следејќи го патот на прерамката (можеби малку и се лутев што се уште не измислиле очила со коишто само во вакви, специјални прилики, ќе може да се фрли поглед под женскиот фустан токму до кајшто врви прерамката).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Спроти Водици 2008-та, крај Индискиот Океан во Перт ПРЕРАМКА, БОЈА ЧОКОЛАДНА Прерамката, боја чоколадна, ти се гледаше на левото рамо.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)