НАСМЕВКА Eчи гласот мој во височини до тебе да допре, со надеж дека молитвата болката ќе ја сопре.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Раката ти трепери како да сака да ме допре, избриши ми ги солзите и болката ќе сопре.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Сега ќе си отиде дома, мислеше Рене, болките ќе ги смета за неугодна придружна појава при опоравувањето, ќе ги подведе под поимот регенерација, ќе го кара синот, ќе ја одгледува ќерката, ќе го почитува граѓанинот, ќе го преземе мислењето на соседот, сé додека не дојде ноќта со крв во грло.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кој ли ќе писне најгласно, кој најмногу ќе корне коса, кој најпрвин ќе се скамени од болка и чија болка ќе биде потешка и поголема?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Умрениот од ќотек ќе го исплачеш, ќе го опстажиш и ќе го закопаш и со времето болката ќе се залечи... ама осакатениот по цел ден го гледаш и по цел ден се плашиш за да не бидеш и ти сакат како него...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога болката ќе станеше посилна, тој мислеше само на неа и на својата потреба за храна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Скоро избегнувавме да се погледнеме право в очи со татко ми, зашто знаевме каква болка ќе откриевме таму, колку неисплакани солзи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој одеше на риболов и се враќаше од него, броејќи ги часовите до сонот: се надеваше дека сонот ќе му ја открие со тајни знаци неговата иднина и болката ќе му ја направи потапа: ако е Атиџе болна, колку е болна; ако пак е здрава, кога ќе ја види?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не верував дека и тој е само убав и светол балон што неочекувано без бол ќе прсне пред тебе во ситни неупотребливи парчиња на збрчкана гума.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, и болка ќе ја пресечеше поради самопрекорот на кој несвесно се изложуваше самата себеси.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„За да ти ја разгорат болката ќе ти го разорат телото!“, поревајќи се Старчето ја окара угорнината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Таа промена на нејзиниот поглед и изговорувањето на оние зборови траеја кратко, сосема кратко, но остануваа со мене и кога во нејзиниот поглед и глас се враќаше љубовта; ми се вовираа таа омраза и тие зборови дури и во соништата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од тие нејзини зборови се плашев како од смрт, заради тие зборови си ја посакував смртта: посакував да умрам, и мама да жали над моето мртво тело, со својата тага да биде казнета за тоа што на почетокот од мојот живот беше болката, тогаш, кога не знаев дека болката ќе ме следи целиот живот, како скриена рана од која капе крв, капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)