болка (имн.) - кој (имн.)

Знаел дека личното всушност е политичко, то ест, дека нечиј став за другите луѓе длабоко обликува, и дури создава, општествено политичка реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите Бојсови дела можат да се протолкуваат како обид за враќање и повторно прикажување на почетокот на редот со цел да се избегне длабоката болка која човекот го доближува до смрта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога до коска ти се повредени чувствата, наместо рационално размислување, секоја клетка ти е исполнета со разочарување, животот ја губи секоја смисла.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не е лесно да ги предадете своите чувства, кога после сета таа болка која ви ги парализирa сетилата не чувствувате ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаше времиња кога изнесената сторија можеше да биде привлечна за хроничното антиалбанство, за некаков реваншизам со паднатиот сталинистички енверизам, и што уште не, но прикаската беше лична, длабока рана, болка која лесно не исцелуваше и којзнае дали некогаш ќе исцелеше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури и ако болката му е позната од некоја друга ситуација, многу е тешко потполно да се сфати видот на болката која се јавува при допирот со вжештениот предмет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)