Кога ги доближи Панде, со чунот, нивните колја, неискажлива болка му го стегна срцето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И присутната болка му ги пронижа телото и духот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не можеше да стане туку некако, како недораснато дете, се изврте и падна на грб, Крвавата рана на рамото почна да се оладува и јаката болка му ја врати свеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
При оваа помисла, силна болка му ги кинеше градите...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Крвавата рана на рамото почна да се оладува и јаката болка му ја врати свеста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дури и ако болката му е позната од некоја друга ситуација, многу е тешко потполно да се сфати видот на болката која се јавува при допирот со вжештениот предмет.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
КРАЛИЦАТА Катја болна лежи На кралот Милош во гради болка му тежи Секој ден со бел коњ шета и лекови бара Да ја излечи од болката стара.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)