Се искачувам по планината натежната од страдања, чинели ми удираат во душава, флуктуирачки немир и субверзивна, разурнувачка болка чувствувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И јас ти верував тебе, зошто го сруши тоа што го градевме, тоа за што се боревме, сонот што го сонувавме, зошто на нешето патување ваква болка чувствуваме?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Колкава душевна болка чувствував во тие мигови.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Чувствувам празна надеж, гнила химера, чувствувам како телово ми гори во инферно, тонам во празнина, кавитација, длабока шуплина, го достигнав врвот а се чувствувам осамено, зошто со мене ја понесов омразата, злобна пизма, не сонувам и полека умирам на осамениот врв на вечноста.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се обидов да го исфрлам секој дел од тебе, а го исфрлив и моето срце, се обидов да ги задушам твоите зборови, вистини или лаги, а ја задушив мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)