болка (имн.) - бев (гл.)

Болката беше веќе полузаборавена. Тој ги отвори очите и со благодарност погледна во О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стисокот на ремените околу неговото тело повторно стана цврст, но болката беше исчезнала, а тресењето престана, оставајќи му обично чувство на слабост и на студ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега кога поттикот што го даваше болката беше отстранет и изгледаше како да ја загубил сета способност за интелектуален напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сета наша болка беше од сакање.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, сепак, болката беше само моја.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во тој момент болката беше поголема од сѐ.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И сега кога болката беше отсутна, нејзината загриженост за Даниел се надвиснуваше и го помрачуваше сонцето, песните на невестите губеа дел од својата волшебност, а цвеќињата не изгледаа толку восхитувачки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само болката беше вистинска.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во делот во кој се обидувам да раскажам за татко ни таа е присутна повеќе од сите Кривошееви, а во делот кај што раскажувам за неа татко ми е споменат само во една реченица.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека траеше погребната церемонија болката беше толку силна што тогаш мислев дека е врв на издржливоста. Се излажав!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Левата нога го допре подот и болката беше неверојатна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По неколку дена болката беше толку длабока што тој воопшто не можеше да застане на неа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Болката беше огромна. Неописливо голема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога навечер шеташе по пустите улици, ги броеше светилките и тоа беше сè, или си ја гледаше својата сенка, го слушаше тупотот на своите чекори, се задржуваше пред парковите, вилите и ги гледаше чемпресите, затворени во себе и молчаливи, каков што беше и тој, чемпресите помрачни и од самата ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чинеше дека страда, но во него болката беше мртва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)