Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На Камилски посебен впечаток ќе му направат и епитетите што често им се придаваат на Исус, Богородица и светците, позајмувајќи зборови од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така Христос е кортолисовач, неатерџија, додека Богородица е ќефилка (од арапскиот збор kefil), свидетел, гарант. Апостолите се чираци божји.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)