Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо. Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници. „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски. За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Најпрвин од белината израсна неподвижна сенка, потоа, и самиот неподвижен, видов девојка, не постара од мене, со зачудено лице на една премлада Богородица со златномедени очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со крајче на врелото око почувствував дека вратата се отвора.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мислев на неговите хумани зборови кои ги кажа меѓу остарената Богородица покрај распнатиот Исус и Богородица со детето Исус: дека највисоката цел кон која треба да се стреми човечкиот род е да се овозможи секој човек да живее живот со што помалку тегобност, и секој човек да придонесе во остварувањето на тој идеал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Селските богородици со искрпени фути дрвце не оставаат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)