богородица (имн.) - мајчица (имн.)

- Богородице Мајчице, да се свети Името Твое... Богородице Мајчице, Ти се молиме помогни ни во оваа голема неволја...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Богородице Мајчице, научи ме со која душа две умирачки да истажам?...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Господи мил и Богородице Мајчице, каква ми е таа милина во душава - со години чемерна?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Господи мил, и Богородице Мајчице - ги видов двете, милите... сега нека да ослепам... душава нека да ми заизлезе - задишано офна баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Господ и Богородица Мајчица ни дале сила невидена, небаре крилја ни дале - та со еден здив да ја минеме коријана - да ја искачиме планинава! - до трипати се прекрсти баба Петра. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да даде Господ и Богородица Мајчица, да ни се вратат - се крсти баба Петра и со раце крстосани ја кажува молитвата, до трипати ја моли Богородица Ѕвезда да се врати со мајка ѝ и момчето што го заљубила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Митровденски задушници - а гробиштено празно. Си се гледам - насон си се гледам изморена, папсана, исплашена - да не би вака самсама да се струполам - а нема никој да ме крене... па сум фатила да ѝ се молам на Богородица Мајчица - Помогни ми!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)