богородица (имн.) - владичица (имн.)

Оф, Господи и Богородице Владичице - и ние да дочекаме во домата чедото да заплаче!.., Милно му е.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Богородице Владичице - ама тагата Ти била како на секоја Мајка... седумпати зинала земјата да ми ги голтне чедата - уште не годиначиња...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Богородице Владичице, отвори им ги патиштата - на снаа ми Трајаница и на момчето со кротки очи и огнено име - да ни се вратат... - офна баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)