бог (имн.) - ќе (чест.)

Но сè ми се чини дека тука бог ќе се измами.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Господ ѝ даваше висина, тогаш сигурно не мислеше дека по таа мера некој друг Бог ќе ѝ одмери и судбина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ги земеме, богови ќе сме. Ферштензи?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаш ли свој бог, Јано? „Јано, едно дете ми рече дека еднаш бог седел во нивниот двор и сечел лубеница.“ Не можеше да се нурне во себе и да испитува, сега, кога беше сигурно дека двајцата нејзнини богови ќе се сретнат и ќе ја разголат нејзината тајна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Поголема казна од бога ќе навлечиш... - му рече. - Поголема од ова нема... - свика очаено Дејко.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под звездено стебло колку што трае Бог ќе чекам зашто не чекам само за себе да видам како се здружуваат коските на едно исто тело, како се извишува в троено делото на нејзиното величество – Татковината!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Само јас останав, а и мене ме бараат за да ме убијат!“ Оти нему Бог ќе му одговори: „Не си само ти!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите благословени од бога ќе дојдат ваму, да ни се придружат, Алал да ви е, рисјани! Со бога напред!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И бог ќе биде со нас, макар што во училиштето, со сите средства, нѐ убедуваа дека тој не постои.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие сигурно мислат, велам, ако овдека сме последни, кај бога ќе бидеме први.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
16. Нема заповед којашто не може да се прекрши, ниту оние што јас ги изрекнувам ниту оние изречени од пророците.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
15. Нека светлината на светилката се запали, па и ако никој не ја види. Бог ќе ја види. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 229
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
18. Делата човечки не заслужуваат ниту оган пеколен ниту рај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
17. Кој убива поради правда, или поради она за што верува дека е праведно, не греши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)