бог (имн.) - добро (прил.)

— Добровечер, чичко! — Дал ви бог добро, синко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко ми беше моќен во тишината, се учеше на неа кога читаше, а исчита книги за неколку животи. – Добар ден, добри луѓе! – изусти прва мајка ми. – Дал ти Бог добро, мајко! – одговори шефот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Дал бог добро”, ја поздрави Марко. Таа само мрмна нешто и погледа во неговиот фес и турската облека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ние сите станавме на нозе, а дедо ми му одговори: - Дал бог добро, Геро.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница поминала лисица: - Добро утро Цуцуле. - Дал бог добро Лисице.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мораше и ова да се издржи. – Добар ден, Мајко! – ја пречека војничето. – Дал ти Бог добро, сине! – Ние, Мајко, немаме бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Дал ти бог добро, - рече стариот иронично и го проследи со поглед в грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)