бог (имн.) - во (предл.)

Она што е значајно за ова дело е тоа што со него Ворхол еднаш засекогаш го потврди своето место како писател и покрај минималниот удел во него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со еден единствен потег го заобиколи литературниот процес со цел да ја спроведе Флоберовата дефиниција за писателот кој треба да биде “како бог во својот универзум, невидлив, но секаде-присутен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека го слушате текстот имате впечаток дека случајно сте упаднале во нечиј телефонски разговор со што всушност почнува и Филозофијата...:” Се разбудив и ѝ телефонирав на Б”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога го садеше јоргованот, таа беше во потрага по некаква внатрешна, само за неа разбирлива метафизична потврда од боговите во кои веруваше, со надеж дека расадот ќе биде среќен, како и самата наша пресадена судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А ни вистински свештеник немаат жителите на Потковицата; грчки не сакаат, свој немаат, па таа работа, откако го врати бог во Потковицата, ја врши тој, Максим Акиноски - мртвите ги опејува на отворено, на Рамник на Горник на обележаното место за ѕидање црква, на отворено, во дворовите зад авлиите; ги венчава младите, а по куќите, во гостинските одаи, крштева деца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако со инаетот говори ѓаволот во душата, тогаш со севапот говори Бог во душата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исушената, изнемоштена рака му го нуди каменот, и пламенитата порака врежана во него, пораката на луѓето од златната раса, боговите во човечки лик што уживале во светот на белите еднорози, која е осудена да минува низ алчноста, лекомисленоста на калливите потомци, на кои им припаѓаат и синот Азаев, и патрициот Константин, и бедниот Сириец, и тој самиот, и младиот придружник што маѓепсано го голта каменот со засолзени, од возбуда, поглед – заточеници на сопствената нискост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Но, боговите во тие ноќи затвораа очи и не се мешаа за тоа што се случува под постелата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сакаше конечно да се искорени Бог во градот Скадар каде што се веруваше дека најдлабоко беше вкоренет во душите на луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во првите години на комунизмот во Македонија, во нашето учење беше исклучено постоењето на Бог, на негово место не беше никој поставен, како што тоа ќе се случи со поставувањето на идеолошкиот Бог во родната земја Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Набргу мина на главната тема: - Утрово ми рековте, морам да признаам тоа силно ме вознемири, дека ние сме го убиле природниот Бог во душите на луѓето и на негово место сме го поставиле партискиот Бог?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само кадри како А.А., велеше уште Х.Х., брзо сти­гну­ваат до комунизмот, поведувајќи ги и другите зашто тој нишани во вистинската цел – Бог во луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Човекот го сонувал во молитвите својот бог во вид на бел и гривест коњ, крај реки и крај степи, на облаци над тие степи и над тие реки, коњот го познавал само оној бог чии петици му ги стискале ребрата додека со сила на ветар се судрувал во галоп со ветар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дошло време нивните сили, боговите во нив, со славољубие да си го заматат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се грабале боговите во сонцата за власт, денот се издолжувал, доаѓа помор за жителите на земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ти од мене десно да седиш и со него бог во глаголење да фатиш!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Засади ги подземните цветови на вербата пред малиот бог во тебе да изврши харакири, за срцето да здивне во сенка од разум и нежност на дофат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се прашуваше зошто еден таков угледен човек би ја напуштил својата земја заедно со тие “доселени, културно заостанати дојденци”, и наоѓаше одговор: Мојсеј бил поклоник на првата монотеистичка религија, воспоставена од фараонот Ихнатон, кој во четиринаесеттиот век пред новата ера го забранил многубоштвото, со смртна закана спречувајќи го својот народ да им се поклонува на боговите во кои дотогаш верувал со милениуми, а за еден и единствен Бог го прогласил Атон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седумнаесет години откако ја вовел новата религија, фараонот умрел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ВРАЌАЊЕ КОГА СЕ ВРАЌАВ ОД ЈАПОНИЈА 1. кога се враќав од јапонија како да се враќав од кјото во токио: од вековната тишина на златниот павилјон во новата врвулица на електронските галежи; од изворите за разладување на душите на боговите во салоните за врел чај од разбревтани воздишки. кога се враќав од кјото во токио во возот шинкансен нозоми видов дечиња како прават жерави од хартија - крилјата да им се испрскани со суви мечти и совреме да го пресретнат злокобното гракање на вулканската мемла и збеснатото море.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)