бог (имн.) - постои (гл.)

Затоа и не е важно дали Бог постои. Тој си е доволен сам на себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако Бог постои, тој сигурно е всаден и во моќта на јагулите да се обновуваат и да се продолжуваат од исечените парчиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бог постои кога луѓето се пред губење гајрет!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако Господ Бог постои тогаш тој не е некаде вон и над постоењето туку во самото постоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гајретот умира последен!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)