Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го потсетува да не ја заборави блузата со народен вез што ѝ ја вети.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)