Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нималку збунета, ја тресе правта како да се работи за инсект залепен на одеждата на принцезата и со неизменет демонски блесок во очите, повторува: - Зарем јас - измислена!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, овие вознемирувачки мисли веднаш ги разбиваше благородниот блесок во темните очи на патрицијот – таква жед гореше во нив...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Иако требаше да ми потврди дека времето кај американскиот часовник е точно мерено, најчесто го покажуваше спротивното.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој остар блесок во мислата и во очите може да го има секој пострастен човек, но кај аргентинските писатели, како и кај танцувачи, тој е концентриран, прецизен, како по долго учење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Истрел, блесок во шупливо око на офицерска кубура, визуелно ехо на нова далечина и јужна светкавица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Токму да кажам дека греши, кога молскавичниот блесок во окото ме впива во себе.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој светнал како блесок во мрак кога си се родил. Тогаш си се збогувал со мракот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Скришум, со блесок во очите, додека родителите весело дрдореа со старецот, гледаше како мравките застануваат, затреперуваат, и се спружаат неподвижно на цементот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)