благосостојба (имн.) - на (предл.)

А инвеститорите сепак не се некои нови месии кои се интересираат за благосостојбата на некои далечни народи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И конечно, поенатата: „Ќе го преземам рабинското место на Солун на Лаг Баомер15 во 5683 (1933) година и се надевам дека ќе бидам рабин кој ќе воспостави брак помеѓу Евреите од Истокот и Евреите од Западот, кој ќе ги обедини во единствена нација на Израилот, за благосостојба на нејзиното духовно постоење и напредок, како во егзил така и во земјата Израелска”. 16
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Луѓето паѓаа безживотни по улиците на градот, а на небото страшно кричеа крилестите сили што веќе го запоседнаа целиот свод и глеадаа одгоре во несреќниците што не можеа да најдат засолниште зашто и во земуниците ги стигаа студените погледи на ангелите со сиви крилја кои ги кутнуваа на земја, без здив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, целта на нашиот „антимонополски закон“ е обезбедување слободна конкуренција на домашниот пазар, заради поттикнување на економска ефикасност и благосостојба на потрошувачите (в. чл. 3 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потемкин несаден а никнат: пекарите полни лебови, бонбони во продавниците, привид што не се заборава – евреите ги уживаат сите права сите имаат од потребното повеќе згора и свират оркестри, пеат хорови - додека да заврши посетата на црвениот крст благосостојба на реверс просто да ти завидат гостите а потем сѐ по старо,
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вкупниот број на акци- онери беше 2.910: 82% од нив се домашни, а 18% странски лица. 75% од акционерите се физички лица, а 25% правни лица [Извор: Годишен извештај на Групацијата ‘Топлификација’ за 2010].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)