битка (имн.) - во (предл.)

Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вандализмот насочен против уметноста може да има енигматски или често бизарен мотив, но главниот аргумент на Гамбони е дека мотивот сепак не е безначаен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој сакаше да ја потчини нашата славна партија, прекалена во голе­мите битки во борбата против фашизмот, сакаше од нас да стори робови, ние не се предадовме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немам потреба за биење битки во некој си квази духовни гладијаторски арени и терање вистини преку лешеви.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Немам потреба од самозаqубеност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И тука започнала големата Таткова битка во ноќта, со немоќното парче хартија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мирон Донски, богот на Архивот, еден од најдоверливите кадри на Партијата, никогаш виден со насмевка, со постојано сомничава физиономија, беше свесен дека Водачот му ја беше доверил најделикатната мисија, пресудната битка во штотуку завршената војна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.) ‌Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Противниците веќе не се ближни, а битката во која се соочуваат е ослободена од сите ограничувања: „Не само што премногу острата поделба на човечкиот род на раси почива на научни заблуди - затоа што мошне малку земји се настанети со жители од само една чиста раса - туку може да води и кон истребувачки и, ако можам така да кажам, „зоолошки“ војни, какви што се оние, за преживување, во кои стапуваат различни видови на глодачи или месојадци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Останал неподвижен и со раширени раце и уште повеќе сличен на црн крст. сигурен дека сѐ му припаѓа во таа ноќ пред големата утрешна битка во која над него ќе стојат други со поголем чин и попризнанена војничка мудрост, офицерот тогаш ошол да го земе коњот да го попжвлече за узда кон себе, да им ја открие на војниците својата љубов кон животните или, просто, да им ја покаже умешноста на скротувањето. И го сторил тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мораше на крајот да му ја признае својата немоќ и на Татко, кого го очекуваше со нетрпение на последната битка во библиотеката...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кутриот Камилски, некогашен јуришник од шпанските барикади, аулите на париската Сорбона, прекален борец во борбата против фашизмот во Македонија, еден од основачите на Универзитетот во Скопје, на крајот заробеник во проклетата тврдина островот Голи Оток, како да одеше на последната битка во својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко продолжи: Фаик Коница, уште рано во животот, по основното школување кај скадарските језуити, потоа средното училиште на цариградскиот француски лицеј Галатасарај, француските универзитети во Дижон, Каркасон, парискиот Соllgе de France, сознаваше, но и цврсто веруваше дека пресудните битки во животот се одвиваат во јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чувствуваа дека овде ќе се соочат со незавршените битки во историјата, особено во доменот на балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ќе стигне во Анкара спроти историската битка во Сакраја, која беше решавачка за независноста на новата турска држава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски еднаш му рече на Татко дека нема ништо покомплетно од неговата библиотека на тишината, нема подобар пријател од тишината што никогаш не изневерува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со заработените пари од ловот живеат до нивното ново херојство, до нивната нова матанѕа, по неколку месеци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се подготвуваат како некогаш гладијаторите за новите битки во арената на морето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обележан од краткото, но значајно пријателство со Игора Лозински, Татко не престана да се среќава со Цветан Горски, кој водеше своја битка во тешките времиња, за да го сочува споменот на Игора Лозински, да го отвори неговиот музеј, да се бори за животот на неговите идеи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само уште една изгубена битка во името на животот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се плашам од тоа што не сум, од тоа што сакам да бидам, а никогаш нема да постанам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Албанците ја започнаа последна­та битка во борбата со границите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе ја добиеме последната битка во големата борба за „спасување на душите“, дополнуваше генералисимусот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако мигум се созема, во моето прашање сигурно открива алузија на неговата игра пред малку како волшебник, играјќи со семожни дати, поврзани со семожните битки во и околу арената, го промени сериозниот израз.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)