билка (имн.) - и (сврз.)

„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отсекогаш таа слика за мене била подобна на сликата на сонцето со неговите зраци; како што сонцето ја раѓа топлината нужна за билките и животните од самото себе, така и пајакот, сам од себе, од телото свое ја создава својата мрежа, вселената своја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме одби поради него, и сега го нема во мене, а го има секаде: во класјето крај патот, во билките и животните, во рибите во водата и птиците во воздухот, во очите на луѓето, во сите створови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот вчера рече дека гласовите поважни се од зборот, и дека Господ од гласови, а не од зборови цели ги сотворил небото, земјата, светилата небесни, луѓето, билките и животните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој.  Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мама Злата беше восхитена кога го виде богатството на билките и умешноста со каква учениците се однесуваа кон нив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Варам билки и ги напивам децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)