Но кога Медицинскиот гласник ја прекина рубриката за лековитите билки во османските записи, Климент Камилски во разговорите со Татко постојано ја подгреваше идејата да го продолжат проектот за старите турцизми, чија употреба во јазиците на новите држави- нации се сметаше за непотребна, опасна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Донесов за преведување стари османски записи за лековитите билки во Македонија и пошироко на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Моми албански муслиманки и девојки македонски христијанки заедно излегувале уште в мугри за да берат лековити билки во расцутената пролет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко ја разбираше длабочината на Мајкината италијанска љубов која Мајка ја негуваше како забранета билка во длабочините на својата душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги негуваше како билки во својата душа со својот култ кон читањето на своите избрани француски автори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред портите на својот дом Врз кои е врежан белег на некој Далечен век тој стои сам и гледа јато пеперутки прошетува низ молитвата што ја пеат изгорените билки во дворот и ја понесуваат нагоре.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)