Дури ветеринарот Скрез со Лоте и другите луѓе пиеја и пееја во кафената, бикот седеше врзан пред вратата и чекаше да му се донесе пијалок: Лоте го тераше кафеџијата Јандро да му носи во кофа вино разблажено со вода, но бикот нишаше со главата, мукаше, и се лутеше што виното му го разблажуваат со вода; очите му светеа како жар, се вртеше и мукаше по некоја крава што ќе поминеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)