А книгите, секоја книга од татковата библиотека ќе означува нова скитија, следење на големата река на животот, со сите свои меандри и свиоци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога ќе почнеме да стапуваме во контакт со луѓето во Јапонија и во Русија и кога пристапот до луѓето и до изворите ќе биде неограничен, Народната библиотека ќе биде на располагање секогаш и насекаде, заедно со денешната Правда, на професорите за било што - сѐ ќе биде дел од твојот свет, да не зборуваме за луѓето, со коишто патуваме и доаѓаме во контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Веруваа дека со обединетите библиотеки ќе бидат помоќни и порешителни во остварувањето на нивната главна цел.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Библиотеката ќе речеше Татко, бранејќи го принципот на распоредот на своите книги во библиотеката е огледало што го потсетува човекот на неговите граници!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дедо Кољо го беше слушал Татко, кога доцна во ноќта, од отворениот прозорец на неговата библиотека ќе проструеше песната во која, како да се мешаа три гласа во постојано следење.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тоа беше начинот на кој го прифаќаше и го продлабочуваше балканското пријателство, остануваше докрај солидарен со него, верувајќи дека со здружените библиотеки ќе променат нешто на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)