библиотека (имн.) - книга (имн.)

И не случајно еден ден, многу години по татковото починување, со напомена, ми ја испрати за татковата библиотека книгата од својата сестра Ањес Лејбовиц: Philosophie du droit international (Paris,1999) Frјuѕ, 23 X 2000 Господине, Како и вашиот татко кој, како што вие велите, стана ваш упорен читател на вашите текстови, и јас си ја презедов улогата на упорна читателка на текстовите од сестра ми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Климент Камилски беше горд што ја имаше во својата библиотека книгата на Франц Миклошич, Die turkischen Elemente in den südosteuropäischen Sprachen, книга за турските елементи во грчкиот, албанскиот, романскиот, бугарскиот, српскиот, малорускиот, рускиот и полскиот јазик, објавена во Виена, во 1884 година. Toj ќе ја пронајде и книгата на Ѓорѓе Поповиќ, Турске и друге друге источанске речи у нашем језику, објавена во 1884 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)