библиотека (имн.) - има (гл.)

На Климент Камилски му стануваше јасно дека Татковата библиотека имаше свој идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Климент Камилски веднаш забележа дека Татковата библиотека има посебен идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Можеби стотина“, рече Филозофот. „Во нашата библиотека има пет илјади“, рече цинично отец Стефан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во библиотеката има двесте примероци на негавите собрани дела во кожен подврз подарени за просветно-воспитни цели.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во неговата библиотека имаше многу книги, трактати, записи за јазиците и голем број речници, енциклопедии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
До читалната имаше пушална, но Грдан ниту имаше цигари ниту пак пушеше; во библиотеката имаше и бифе, но тоа беше за оние што имаа барем ситни ако не крупни пари - од чадот на цигарите очите му се мрежеа, а од миризбите на бифето носниците му се ширеа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Животот покажа дека секоја книга во татковата библиотека имаше своја судбина, недовршена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во татковата библиотека имаше семожни списи, мапи, цртежи на јагули, книги за јагули на разни азбуки, а на глобусот што го донесе од Цариград беше означен патот на јагулите со минијатурни макети од Езерото, преку реката до морето, океанот па сè до Саргаското море и назад низ нивните потомци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секоја книга во Татковата библиотека имаше своја историја, но и своја судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)