библиотека (имн.) - бев (гл.)

Татковата библиотека беше вистински храм на тишината, негова градина на тишината, чиј таен код на неговиот живот и на животот на семејството, најуверливо можеше да го толкува само Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Климент Камилски слушаше за прв пат во земјата мислење за својата книга на животот, која во неговата родна земја беше забранета и единствениот примерок од Универзитетската библиотека беше предаден во полицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Самата библиотека беше и тврдина на тишината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Библиотеката беше сѐ уште во него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тишината во татковата библиотека завршуваше како јазик, како вистински мајчин јазик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татковата библиотека беше и лавиринт. Во неа различни текови од западната и источната мисла беа незамисливо измешани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)