бесмртност (имн.) - на (предл.)

Тоа беше едното од најзначајните објаснувања со кои таа располагаше во врска со бесмртноста на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така завршуваше и бронзената бесмртност на Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во христијанската догма, особено во учењата на Свети Августин и Тома Аквински, се избираат оние елементи на Аристотеловото учење кои одат во прилог на величење на бесмртноста на душата, а телото го сметаат за пасивно и инертно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Не е прашањето дали нешто од човекот - да го наречеме тоа душа – по смртта продолжува да трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нека е така,“ рече брат ми. „А дури и да е така, целото твое обвинување дека јас си го гонам стравот од смртта со вербата во бесмртност на моите дела, не докажува дека бесмртност на душата навистина постои.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)