1. Да пловиш или леташ  Исто е, штом си вон од себе,  Излезен од својата кожа, ум,  Ако си небесен друм,  Упатен кон Севишниот дух  И ти дух си, невидлив, молчелив  Делче од бескрајот од етерот  Од ветерот кој те носи, носи,  Тогаш што си? Небитие?
               
             
           
            
            
              „Сонети“
               од Михаил Ренџов 
              (1987)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Пустините и калифорнискиот песок секако дека    најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној    другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната    оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено    чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било    чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)