белина (имн.) - во (предл.)

Овој снег е прекрасен што ќе им прости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Срните станаа негови гости. Црните вреќи умираа во пцости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со оглед на пречките ( од црните кон млечните) при ваков рај, крај, бај и белина во целина - Црните вреќи беа диви и онака, воопшто тивки; во нив требаше да има сливи но сепак израснаа тикви наполно, наполно криви и никако црни наполно, безмилосно криви и за самите срни. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 147
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се продолжи и во денот, што навлезе во неговите прозорци со својата млечно бела закиснатост по ветровите, со својата некако прашинеста белина во неговиот изморен поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа сензуално и шармантно ги напрчува усните, и одеднаш ме тера да помислам дека кутриот Пјотр Лисицки, засекогаш исчезнат во непрегледните белини во Сибир, бил познат како голем љубител на жените, мераклија, што во случај, гледано од генетски аспект, сепак не е податок за фрлање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Белината во својата срцевина како да има една искра од која таа белина се шири зголемувајќи се како што ми се приближува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)