Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа два-три дена по погребот на Борко сама пошла на гробишта, оставајќи му само една белешка на Симона кој бил на кратко излезен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Библиографска белешка на Националната библиотека на Франција – Париз Романот Времето на козите на Луан Старова е организиран околу чудесната и силна слика на еден град окупиран од кози!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)