На 28.10.1951 ноќта, според белешка во Дневникот, сум легнал околу 11 часот, без да одржам час по математика со Фодулчето. Причина: сум бил на кино.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога погледнав пак на почетокот на подврзаните листови пишувани на рака, поправо на првиот лист, видов една белешка во која се велеше: „Сиа животопис по сказание на Никола Поцо писал учител маказарски Димитрија Боте“. Потоа датум: 16 јуни 1872.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Асоцијацијата е премногу директна: со дланка положена врз завојот, поетот без лево уво, си ветува, без оглед на гнасењето со кое Таткото го фрли понуденото уво, дека следната белешка во дневникот ќе биде онаа за Поезијата и Историјата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа му ги подаде трите сиџили и неколкуте белешки во врска со нив, запишани од Татко, во ноќта пред да се разболи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Откако внимателно ја прочита книгата на Камилски, правејќи белешки во својот работен нотес, кој не го одвојуваше од себе, научи многу од материјата за западното проучување на педагогијата за детето, но и за самиот карактер на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)