Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Долго јa гледа небаре сака да ги открие сите оние белези и црти што единствено се својствени на Циљка и уште еднаш да се увери дека девојката којa сега ја држи во својата прегратка навистина е нејзиното чедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Она што на почетокот започнува со случајна конфигурација на белези и стратегии започнува да се развива на многу организиран начин,“ заклучува Холанд.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)