Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Што признава овој заумен белег на челото, на коската, ова изгаснато огниште, овој избледен ракопис на нечија мисла, Што сака да каже овој скаменет глас?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нели, колку си поблизу, за да го видиш секој белег на лицето, толку ти е понедостапна и поневидлива опачината?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тука, макотрпно се собрани и со љубов и пиетет се изложени сите белези на преспанската материјална култура.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Некои од тие зраци се белези на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Човекосоѕвездијата што ги создава лудилото се преплетуваат со останатите човекосоѕвездија, затоа што делат исти луѓе, а сепак изгледа како секое од тие човекосоѕвездија на лудилото да трепери на одвоено небо, само. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Другиов Онисифор клечеше над мене, потоа стана и го сокри белегот на лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Батко Онисифоре“ реков. „Зошто го мразиш твојот имењак со белег на лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му реков оти Онисифор Мечкојад не ме молел да му ја донесам торбата што другите ја познаваа по црвените, црните и зелените риги и сокрив дека ме нарекол предавник со увереност дека не сум ништо друго туку мал поткожник на дружината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не верував дека Онисифор со белег на лицето не ја забележа преплашеноста на моето лице и замагленоста под клепките над кои орлите и небото се измешаа црно и сиво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад не се излажа дека ќе сум предавник, сеедно што тоа се случуваше поинаку отколку тој што очекуваше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборот маало или махала, од арапски корен (со значење на населување) се употребувал и се употребува во сите балкански јазици, во јазиците на Блискиот Исток и подалеку.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еднаш и ти љубеше една јас... ми остави белег на усните кој ќе трае бесконечно...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сега оваа кутра девојка е жигосана, има белег на себе... Ќе ја бие лош глас... Ќе биде бела врана во околината...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Задоволството во текстот“ (Р.Барт) на Александар Прокопиев овде не завршува, туку започнува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)