Секој проклет долар добиен во Маргина/Темплум свртен е триесет пати и го буши џепот ко радиоктивно желевце заборавено во облеката на смотаниот, вечно осуден на беда и глупост, Хомер Симпсон. Сети се!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го седна засекогаш десно од себе, на местото од отец Стефан Писмородецот и јас знаев дека бедата и гревот на нас дванаесетмина околу вратот ни се, како камен тежок околу вратот на доброволен давеник; знаев дека тој, Филозофот, во очите на логотетот стана Сједјашчаго одеснују Оца, како Богочовекот, Богољубецот крај својот Татко, Седржителот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)