Тој и Бојана гледаат филм кај неа дома, пристигнуваат на балот, танцуваат, гардистите ги бркаат, бегство во безбедноста на таксито...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Покрај рационалната одлука, донесена во последниот миг, по укажувањето на Гури Порадеци дека се работи за живот или за смрт, ако не се избега преку граница, кај Татко тоа будеше некаков внатрешен порив, да ѝ се предаде на фугата на егзилот, во потрага по нови простори, по нови времиња, по првото бегство во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се случува бегството во слободата под фустаните на калуѓерките понекогаш да е свечено доближување до смртта, та дури за секој нов почеток во Венеција се вели дека е одново доближување со смртта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Непријателот помина на Вичо и ширум се отвори патот за Преспа и за бегство во Албанија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)