Од друга страна:
озонскиот ѕид е пробиен
пролетта без пролет
од студ не се чувствува
должината на денот
оваа 1991 година
ни една ноќ без војна
и сѐ така:
сликите без перспектива
од којашто би изгледале
стварите нестварно
обичниот свет необично
без контекст во којшто би прозбориле
без светлост со којашто би нѐ магепсале
а нема уметност, нели (!)
агол на гледање ако нема
ако нема прекумерност
особеност
ако не шушне духот
ако не се поместат границите
видливото;
јазикот нагрден
сетилото за говор закржлавено
граматиката без усет за ред
ој додо додо ле
„со цел уривање на системот“
„во името на слободата“
„прашање на стилот“
„во претходниот ден“
„голем број на бегалците
на исчезнатите...“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Преку радио станица се договори со колега тој да ги превземе бегалците на една раскрсница.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)