Што ќе речете ако Ви раскажам дека синоќа додека Вие овде... шушукавте со Ивана за неговото бегање во Америка, моите луѓе долу во потонот за малку што не го заклаа вашиот маж затоа што, целата ноќ, по оној дожд, се движел околу куќава за да не Ве остави сама?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Дали повикување на човековите права и слободното општество значат вистинска грижа за овие важни прашања или само алиби за добро обмислена манипулација?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И навистина, еден есенен ден, кога веќе беше прибрана сеидбата од полето, Толе им го изложи својот план на Митра и Андона за бегање во Бугарија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Или пак упорното држење кон добро проверениот рецепт за третирање на дрогите кои што денешното општество го донесе во ќорсокак, всушност е немоќ за решавање на било какви прашања и бегање во романтичен идеализам карактеристичен за големите утопистички идеи?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)